Јајцето и шекерот се матат со миксер. Потоа се става на пареа и се додаваат 100гр сецкани карамели. Откако ќе се стопат карамелите се додава маргаринот и се меша убаво сето да се соедини. Потоа се трга и се додаваат мелените бисквити. Се меси убаво. Се прават како кошнички со помош на железно калапче (како на сликата) и се стават во книжени корпиња.
ФИЛ- 200гр карамели се топат на пареа. Се додава 1 лажица маргарин и млекото. Откако убаво ќе се соедини се полнат кошничките и се украсуваат со украс. Ја употребувам чоколадни плочки, но ако не можете да најдете може и со чоко стоби флипс.
Многу се вкусни, а и прекрасно изгледаат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани