Во огноотпорен сад изматете го јајцето со шеќерот, па додадете ги сецканите карамелии на тивок оган или на пареа мешајте додека карамелите не се расропат. Потоа, додадете го маргаринот и мешајте додека и тој не се стопи. Мислам дека не смета маргаринот и ако го додадете заедно со карамелите. Тргнете го садот од оган и во него измешајте ги мелените бисквити. Во овој случај јас користев црни бисквити, но секако дека можи и со бели.
Кога смесата убаво ќе се изедначи, правете бомбици кои ќе ги ставате во мали книжни корпиња и ќе ги израмните со нивната форма. Одозгора, во средината направете вдлабнатина која ќе ја полните со филот.
За филот, потребно е карамалите ситно да се искецкаат и заедно со маргаринот и млекото да се стопат на пареа или многу тивок оган до компактност.
Одозгора врз филот со карамлели украсете со стопено црно чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани