Тофи
Во огноотпорен сад изматете го јајцето со шеќерот, па додадете ги сецканите карамелии на тивок оган или на пареа мешајте додека карамелите не се расропат. Потоа, додадете го маргаринот и мешајте додека и тој не се стопи. Мислам дека не смета маргаринот и ако го додадете заедно со карамелите. Тргнете го садот од оган и во него измешајте ги мелените бисквити. Во овој случај јас користев црни бисквити, но секако дека можи и со бели.
Кога смесата убаво ќе се изедначи, правете бомбици кои ќе ги ставате во мали книжни корпиња и ќе ги израмните со нивната форма. Одозгора, во средината направете вдлабнатина која ќе ја полните со филот.
За филот, потребно е карамалите ситно да се искецкаат и заедно со маргаринот и млекото да се стопат на пареа или многу тивок оган до компактност.
Одозгора врз филот со карамлели украсете со стопено црно чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани
Кој се јави за проба, само уште некоја од карамелите остана, колачите се изедоја со брзина на светлината :))) Па, ако има кандидати, одма нови правам ;)
Јуле сугестијата ти е ептен добредојдена и би дала предлог да се внеси и во рецептот идејата. Од сега натаму си ја сметам како обавезен дел од рецептот :)