13
апр
2021
Тоскански ќофтиња
1. Од сите состојки за ќофтињата замесуваме смеса и правиме ќофтиња со големина како лоптица. Ги редиме на намастен плех , ги ставаме во рерна на 180 степени и ги запекуваме колку да заруменат (околу 15 минути).
2. За сосот ги лупиме доматите и ги сецкаме ситно (најдобро со сецко ) , ги ставаме на оган, го додаваме зејтинот, шеќерот и ситно исечениот босилок и оставаме малку да се подинста (околу 10 минути).
3. Во доматниот сос ги ставаме полупечените ќофтиња, одозгора ги поросуваме со пармезан и ги ставаме во рерна на 180 степени околу 20 минути.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови