Испечати

Тоскански ќофтиња

Тоскански ќофтиња

Состојки

  • Состојки за ќофтињата
  • 500 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 100 гр ситно рендан пармезан
  • 2 лажици млеко
  • 3 лажици маслинов зејтин
  • 1 главица ситно сечен кромид
  • 1 лажичка сол
  • 4 ливчиња ситно сечен босилок
  • Состојки за доматниот сос
  • 1 кг домати
  • 3 лажици маслинов зејтин
  • 4 ливчиња ситно сечен босилок
  • 50 гр ситно рендан пармезан
  • 1 лажичка шеќер

Подготовка

1. Од сите состојки за ќофтињата замесуваме смеса и правиме ќофтиња со големина како лоптица. Ги редиме на намастен плех , ги ставаме во рерна на 180 степени и ги запекуваме колку да заруменат (околу 15 минути).
2. За сосот ги лупиме доматите и ги сецкаме ситно (најдобро со сецко ) , ги ставаме на оган, го додаваме зејтинот, шеќерот и ситно исечениот босилок и оставаме малку да се подинста (околу 10 минути).
3. Во доматниот сос ги ставаме полупечените ќофтиња, одозгора ги поросуваме со пармезан и ги ставаме во рерна на 180 степени околу 20 минути.
На здравје.