За мојот 100 –ти јубилејен рецепт ви ја претставувам тортата која сами ја смисливме со мојата ќерка и ја нарековме “ Љубов ” . Направена со многу љубов за славеникот, а исто така и напишана и испратена тука со љубов кон сите вас : - )
1. Тесто
- потпечените лешници ги сецкаме во Делимано кујнски сецко.
- Белките ги матиме со шеќерот.
- Во изматените белки ги додаваме сецканите лешници, брашното, маслото и пецивото. Мешаме со дрвена лажица.
- Плехот од шпорет го обложуваме со хартија за печење. Смесата за тесто ја тураме во плехот.
- Печиме на 180 степени 10 минути, а потоа на 150 степени уште 20 минути.
2. Фил
- млекото го ставаме во сад на оган да зоврие.
- жолчките ги бијаме со 6 лажици шеќер. Пудинзите ги раствораме во 200 мл млеко. Во нив го додаваме и густинот, мешаме. Пудинзите ги додаваме во изматените жолчки.
- зовриеното млеко го тргаме настрана. Во него ја ставаме смесата од жолчки со пудинзи. Повторно го враќаме на оган и мешаме додека да се згусни. Го оставаме да се излади.
- маргаринот го бијаме со шеќерот во прав. Лажица по лажица во него го додаваме претходно изладениот фил. Бијаме. Во филот ги додаваме мелените лешници.
- од филот во еден сад ставаме 1/3 од филот. Тоа ќе ни биде белиот фил.
- чоколадото за готвење го топиме. Го додаваме во во садот во кој ни се наоѓаат 2/3 од филот. Бијаме да се соедини смесата. Тоа ќе ни биде другиот фил.

3. Тестото го делиме на 3 еднакви дела. Врз првиот ремен ставаме пола од чоколадниот фил, го распределуваме по целата површина и го ставаме и следниот ремен. Врз него го ставаме белит фил, го распределуваме по целата површина. На крај го ставаме и третиот дел од тетстото. Врз него го ставаме преостанатиот дел од чоколадниот фил. Ја премачкуваме тортата од сите страни.
4. Шлагот го бијаме со млекото. Ја премачкуваме тортата од сите страни.
5. Чоколадото за готвење го топиме, го ставаме во кеса за замрзнување. Со ножица го сечиме малку врвот од кесата. На хартија за печење ги пишуваме буквите.
Оставаме да се стврднат и ја украсуваме тортата .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани