Торта Чоколадна фантазија
За љубителите на чоколада ова торта е навистина фантазија. Јас ја правев за роденденот на синчето. Еве вака јас ја спремав, прилагодена по мој вкус, а за декорацијата сум особено горда Ч)
Подготовка на пандишпанот
Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Со миксер прво ги матиме белките со пола од шеќерот додека не станат цврст снег, а потоа ги матиме жолчките со преостанатиот шеќер додека смесата не стане пенеста.
Изматените жолчки ги додаваме во садот кај изматените белки и мешаме со лажица додека смесата не стане хомогена.
Во садот го додаваме и брашното, какаото и прашокот за печиво и мешаме континуирано додека смесата не стане хомогена. Смесата ја префрламе во тава за печење која претходно сме ја обложиле со хартија за печење и печиме 20 минути на 180 степени во загреана рерна.
Потребни се 3 вакви пандишпана.
Подготовка на филот
Јајцата и штеќеро ги матиме со жица, го додаваме и брашното и млекото и мешаме континуирано. Смесата ја вариме на оган додека не ја добие потребната густина а откако ќе ја добие ја тргаме од оган и ја оставаме да се излади
Во мегувреме путерот го матиме со миксер, го додаваме кремот и изладениот крем и матиме со миксерот додека фолот не се соедини.
Тортата ја филуваме кора+фил+кора+фил+кора на поголема жица а под жицата наместете послужавник
Подготовка на глазура
Во сад на пареа растопете го чоколадото и свежата павлака и оставете го да одмори 5 до 10 минути.
Откако ќе се подизлади малце (внимавајте да не е многу топла глазурата оти ќе се попари тортата) прелијте ја целата торта.
За ова ќе ви треба малку трпение, внимателно пополека нанесете ја глазурата одозгора и странично по ѕидовите на тортата.
Вака тортата оставете ја да излади.
Јас ја глазирав навечер и ја оставив да се лади цела ноќ во фрижедер, така и ви препорачувам да направите.
За декорациите исто ги правев одвечер. Чоколадото го растопив на пареа и го префрлав во калапчиња.
Утредента декорациите ги извадив од калапчињата и со малку растопено чоколадо со помош на четкичка ги лепев по тортата.
Ви ветувам дека вложеното време во оваа торта се исплатува. Особено кога видов куп насмеани дечиња кои едвај дочекаа да сечи тортата :)
Лиценца: Сите права се задржани