Основа- во блендер ги ставаме урмите и оревите, блендираме. Ги додаваме овесните снегулки, какаото, медот и кокосовото масло, блендираме. Смесата ја ставаме во сад со големина 20х20, претходно обложен со хартија за печење, ја натапкуваме смесата.
Фил- јапонските јаболка ги лупиме и чистиме од семките. Во блендер ги ставаме јапонските јаболка, путерот од кикиритки, какаото и стопеното темно чоколадо. Блендираме додека не се добие хомогена смеса. Филот го ставаме врз основата. Врз филот ставаме мелени ореви. Ставаме во фрижидер да стои 1 час, послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани