Прво тесто

Се матат белките со шеќерот и кога ќе се добие цврст снег се додаваат една по една жолчките. Се додаваат растопеното чоколадо, мелените ореви и презлата. Се меша со лажица и се става во округло тавче бр.26 обложено со хартија за печење. Се пече на 200 степени.

Второ тесто

Белките се матат со шеќерот во цврст снег. Сувото грозје претходно се става во топла вода да омекне. Потоа јас го сечам секое зрно на пола и го мешам со многу малку брашно, околу 1/2 лажица. Во изматениот снег се додаваат сецканите ореви, сувото грозје и презлата и се меша со лажица. Се пече во исто тавче обложено со хартија на 200 степени.

Фил

Жолчките се матат со 100 гр шеќер. Се додава густинот и малку млеко од половината литар. Останатото млеко се става во тенџерче со 100 гр шеќер и ванилиниот шеќер. Кога ќе проврие се додава смесата од жолчки и се вари густ крем. Кога ќе ја добие потребната густина се трга од оганот и се покрива со пластична фолија директно на кремот. Не горе на тенџерето, туку залепено на кремот за да не фати кора. Се остава да се олади.
Путерот се мати со шеќерот во прав и се меша со оладениот фил.

Редење

Корите треба се оладени пред да почнете со редење.
Првата кора се сече на половина по хоризонтала. Прво се засекува со остар нож , па со конец се досекува целосно. Едната половина се става на чинијата за сервирање. Се мачка со 1/3 од филот па се става кората од второто тесто. Пак се мачка со 1/3 од филот и одозгора се става втората половина од првата кора. Со остатокот од филот тортата се премачкува од сите страни.

Се матат шлаг пените и се мачка целата торта.

Јас оваа торта ја правев за свадбата на една многу драга личност и бидејќи ја декорирав со фондан не употребив шлаг. На пресекот ќе видите и слој над најгорната кора кој е од плазма торта и ми беше потребен само да ја добијам потребната форма за замислениот краен изглед.
Да се извинам и за сликата на пресекот, сликана е со мобилен телефон во неидеални услови. Додека дошле да сликаат со апарат, тортата ја снемало, што сепак ми ласкаше.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани