Торта Капрезе
Кога ќе ја погледнете сликата можеби ќе си помислите - “Па ова е обичен кекс“
Ќе мора да ми верувате на збор дека навистина не е. Нема ни грам брашно и има исклучително богат вкус и многу специфична текстура. Можеби ќе ви се допадне.
Путерот растопете го и оставете го да подолади.
Загрејте ја рерната на 180 Ц.
На дното на округли калап со пречник 24 цм ставете хартија за печење.
Раздвојте ги жолчките и белките.
Чоколадото сомелете го ситно во мултипрактик , исецкајте го многу ситно, или изрендајте го.
Во еден среден сад ставете ги жолчките, шеќерот и ванилин шеќерот. Шеќерот не е шеќер во прав, туку ситен кристал. Ако немате таков, поминете го обичниот кристал шеќер кратко низ блендер. Матете со миксер додека не добиете густа бледа смеса. Во неа со лажица измешајте ги исситнетото чоколадо, сомелените бадеми и ликерот.
Белките изметете ги во снег со прстофат сол. Не матете премногу, снегот нека не стане многу сув, нема да можете добро да го измешате со смесата од жолчки.
Додајте 1/3 од белките во жолчките, измешајте со лажица да се соедини, па уште во два наврати додавајте ги белките, мешајки нежно, со превртување, да не го изгубите волуменот на белките.
Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете ја околу 50 мин. Готово е кога е цврсто на лесен притисок. Прв пат проверете после 45 мин, па ако треба допекувајте, ама пазете да не се препечи.
Нека се олади комплетно во калапот, а потоа префрлете ја на чинија за послужување и непосредно пред послужувањето посипете со шеќер во прав.
Чувајте ја во фрижидер, ама пред послужување донесете ги парчината на собна температура, зошто заради количеството на чоколадо и путер, во фрижидер се стврднува.
Јас ја печев наведената количина во два округли калапи со пречник 16 цм и беа печени за околу 40 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
немав време ич да мислам на кексови
Супер