Тиквата ја рендаме на ситно ренде. Ја ставаме во длабок сад додаме шеќер, кисело млеко, гризот и пециво. Се заедно мешаме со лажица.
Тавче бр 24 го премачкуваме со масло и посолуваме со брашно.
Ја истураме смесата во тавчето и порамнуваме .
Печеме на 200 степени околу 40 до 45 минути. Проверуваме со чепкалка.

За тоа време го подготвуваме преливот.
Водата заедно со шеќерот и сокот од лимон ги загреваме додека да почнат да вријат и вариме уште две до три минути. Готовиот тикварник веднаш го поливаме со шербетот, посолуваме со кокос колку да се покрие површината и оставаме да се олади,  а потоа сечеме на коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови