Тесто за банички,кифли пици,пастрмајлии……
За подготовка на ова тесто погледнете го линкот од малите пици. http://moirecepti.mk/recepti/rucek/%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%be-%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be/
Ова тесто го правев еднаш и бев навистина воодушевена од вкусот и мекоста на истото. Бев љубопитна да видам дали ќе е добро и за други печива и бев во право. Тестото едноставно е одлично. Јас овојпат од ова тесто направив солени банички, благи кифли со мармалад и големи пици. А секако ќе биде одлично и за пастрмајлии. Само да залади малку времето и ќе правиме.
Го замесуваме тестото со наведените потребни состојки. Тестото да е средно замесено. Го покриваме и го чекаме да стаса 30 минути. Кога ќе ви стаса тестото сами одлучете што ќе правите со него.
Ако се одлучите за банички кинете од тестото поголеми топчиња или по желба големина. Посипете ја работната површина со малку брашно за да не ви се лепи тестото. Расукајте коричка дебелина околу 1 цм и замотајте како ролатче лабаво. Редете ги во подмачкан плех со маргарин, посипете повеќе сол, премачкајте ги со жолчката и зејтинот(заедно изматени). Посипете ги и одозгора со повеќе сол. Печете ги веднаш во загреана рерна на 200 степени 15 - 20 минути или зависно од јачината на рерната. Кога се веќе испечени замотајте ги со крпа убаво да се задушат и да омекнат.
За кифлите кинете тесто големина по желба, расукајте коричка со дебелина околу 3 мм, ставете од мармаладот или кремот и замотајте растегнувајки го тестото. Ставете ги во подмачкан плех, премачкајте ги со жолчката и печете.
Ако сакате да спремите и пици земете поголемо парче од тестото и расукајте коричка дебелина околу 5 мм, форма како што ви одговара за плехот, ставете ги во подмачканиот плех. Направете венче околу краевите, премачкајте со кечап, посипете оригано или рузмарин. Наредете ги спремените состојки и печете десетина минути. Се надевам дека за ова тесто нема да сте скептици, затоа слободно ви го препорачувам да го пробате. На крајот кога е се испечено засолете се, заблажете се и нека ви е на здравје на сите. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани