
Тестенини со туна и печурки
Се варат тестенините во солена зовриена вода, се цедат и повторно се враќаат во тенџерето. Додека тие се варат на страна се загрева путерот и маслото во тавчето. Се додава ситно исечканиот кромид заедно со лукот и се пржи додека кромидот не омекне. Се додаваат печурките исцедени и се пржат уште две минути. Се додава павлаката и се вари се заедно додека смесата не се згусне. Се додава туната и лимоновиот сок, магданосот, сол и бибер по желба и со таа смеса се преливаат фарфалите. Малку се протресува преливот убаво да навлезе во тестенините.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubavo jadenje :)