Испечати

Тестенини со туна и печурки

Тестенини со туна и печурки

Состојки

  • 500 гр. тестенини фарфали(машнички)
  • 60 гр. путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 глава кромид
  • 1 чешне лук-издробен
  • 200 гр. печурки маринирани
  • 250 мл. неутрална павлака
  • 450 гр. туна од конзерва
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажица сечкан магданос

Подготовка

Се варат тестенините во солена зовриена вода, се цедат и повторно се враќаат во тенџерето. Додека тие се варат на страна се загрева путерот и маслото во тавчето. Се додава ситно исечканиот кромид заедно со лукот и се пржи додека кромидот не омекне. Се додаваат печурките исцедени и се пржат уште две минути. Се додава павлаката и се вари се заедно додека смесата не се згусне. Се додава туната и лимоновиот сок, магданосот, сол и бибер по желба и со таа смеса се преливаат фарфалите. Малку се протресува преливот убаво да навлезе во тестенините.