Телешка чорба
Подготовка:
1.Телешката удина и телешките коски се варат со сол и црна пипер во зрно.
2.Кога е варено, се ситни, кини на конци удината и се вади мевцето од коските.Течноста се процедува.Се додава коцката за бујонот.
3.Во водата се додаваат компирите-рендани, 2 моркови рендани и оризот. Се продолжува со варење, додека се свари зеленчукот и оризот.
4.Потоа се прави запршка, се пржи 1 рендан морков на масло, па се додава брашно (сами ќе процените колку према течноста во тенџерето), се пржи, додека убаво поруменат и се излева во чорбата.
5.Се додаваат зачините-мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, по потреба и сол, ловоровите ливчиња. Нека крчка уште малку и готово. За гурманите и луто печено суво пиперче и толчено лукче со киселинка.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
No eve druga tradicija kaj vas
Goooolem Pozz i za tebe
Голем поздрав до тебе и ни фалиш <3