Кромидот ситно се сецка и се потпржува. Месото ситно се сецка и заедно со коските се ставаат во тенџерето каде сто се пржел кромидот. Се налева вода колку да се покријат и се оставаат да се динстаат на тивко околу 1 час.
После 1 час коските се вадаат од тенџерето и во него се додава ситно исецканиот зеленчук и 2Л вода. Се насолува и побиберува. Се прави запршка од 2 лажици брашно, се истура во чорбата и се заедно се остава да се вари на тивко уште 30мин.
Откако ќе се тргни тенџерето од оган во чорбата се додава каша од павлаката, жолчката и ситно сецкан магдонос.
Настрана во финџал се прави ситно сецкан лук и киселина и се става малку во тањирот му дава усте поубав вкус на чорбата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови