Испечати

Телешка чорба

Телешка чорба

Состојки

  • 500 гр. телешка удина
  • 3-4 телешки коски
  • 2 компири со средна големина
  • 3 моркови
  • 3-4 лажици ориз
  • 1 коцка за телешки бујон
  • 2-3 ловорови листа
  • по вкус сол, мелен црн пипер, мешан сув зеленчук
  • по потреба околу 3 лажици брашно
  • по потреба вода

Подготовка

Подготовка:

1.Телешката удина и телешките коски се варат со сол и црна пипер во зрно.
2.Кога е варено, се ситни, кини на конци удината и се вади мевцето од коските.Течноста се процедува.Се додава коцката за бујонот.
3.Во водата се додаваат компирите-рендани, 2 моркови рендани и оризот. Се продолжува со варење, додека се свари зеленчукот и оризот.
4.Потоа се прави запршка, се пржи 1 рендан морков на масло, па се додава брашно (сами ќе процените колку према течноста во тенџерето), се пржи, додека убаво поруменат и се излева во чорбата.
5.Се додаваат зачините-мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, по потреба и сол, ловоровите ливчиња. Нека крчка уште малку и готово. За гурманите и луто печено суво пиперче и толчено лукче со киселинка.
На здравје!