
9
ное
2012
Тако со пилешко месо
Месото се сецка на мали парчиња.
Се пржи во тава со масло 6-7 минути.
Потоа се додаваат сите зачини по ред.
Се додава и салцата, се меша и се остава да динста.
На крајот се додава црвениот грав и се остава на топла исклучена рингла.
Се полнат тако школките, прво со готовата смеса од месо, салца и црвен грав. Потоа се става изренданиот кашкавал, па павлака и на крај се декорира со салата.
Добар апетит!
Превкусно е, пробај да изедеш само едно, хихихи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови