Тако со пилешко месо
Состојки
- 3 парчиња пилешки гради
- 400 гр црвен грав
- 200 мл салца (малку лута)-комбинација од домати и пиперки
- 400 гр рендан кашавал
- 400 гр зелена салата
- 200 гр павлака
- 1 лажиче мелен ким
- 1 лажиче лук во прав
- 1/2 лажиче чили зачин
- 1 лажиче оригано
- 1/2 лажиче сол
- 8 тако (школки од пченка)- или меки тортиљи
Подготовка
Месото се сецка на мали парчиња.
Се пржи во тава со масло 6-7 минути.
Потоа се додаваат сите зачини по ред.
Се додава и салцата, се меша и се остава да динста.
На крајот се додава црвениот грав и се остава на топла исклучена рингла.
Се полнат тако школките, прво со готовата смеса од месо, салца и црвен грав. Потоа се става изренданиот кашкавал, па павлака и на крај се декорира со салата.
Добар апетит!
Превкусно е, пробај да изедеш само едно, хихихи.