Оваа супа најчесто ја приготвувам како лесна вечера бидејќи се прави брзо, доволно е густа и за нас доста вкусна.

~ Едниот морков се ренда јадро, а другиот ситно, се запржува заедно со ситно исечканите кромид и чешниња лук и се пржи сето 10-тина минути.
~ Потоа се додава гризот, се пропржува со постојано мешање, се додава мешаниот сув зачин (или посна коцка супа), малку црн пипер, па се додава околу 1 литар топла вода.
~ Штом ќе зоврие водата се ставаат двата вида фиде (по желба може да се стави било кое фиде), се меша да не се залепи фидето и на крај се ставаат компирите исечкани на мали коцки.
~ Се притура околу 500 мл. топла вода и штом се сварат компирчињата, супата е готова.
По вкус се додава лимонов сок, магдонос, црн пипер ...
Може да се стават и други зеленчуци по вкус, јас ставам секогаш што имам во моментот.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови