Испечати

Супа со зеленчук и гриз (посно)

Супа со зеленчук и гриз (посно)

Состојки

  • 2 моркови (средно големи)
  • 1 главичка кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици гриз
  • 2 лажици мешан сув зачин
  • 1 рака фиде
  • 1 лажица фиде со форма на ѕвездички
  • 2 компири (средно големи)
  • по вкус сол, црн пипер, масло, лимон, магдонос

Подготовка

Оваа супа најчесто ја приготвувам како лесна вечера бидејќи се прави брзо, доволно е густа и за нас доста вкусна.

~ Едниот морков се ренда јадро, а другиот ситно, се запржува заедно со ситно исечканите кромид и чешниња лук и се пржи сето 10-тина минути.
~ Потоа се додава гризот, се пропржува со постојано мешање, се додава мешаниот сув зачин (или посна коцка супа), малку црн пипер, па се додава околу 1 литар топла вода.
~ Штом ќе зоврие водата се ставаат двата вида фиде (по желба може да се стави било кое фиде), се меша да не се залепи фидето и на крај се ставаат компирите исечкани на мали коцки.
~ Се притура околу 500 мл. топла вода и штом се сварат компирчињата, супата е готова.
По вкус се додава лимонов сок, магдонос, црн пипер ...
Може да се стават и други зеленчуци по вкус, јас ставам секогаш што имам во моментот.
На здравје!