Едвај чекавме да стигне ова поладно време ..некогаш уште кога дедо ми беше жив за да ни го направи ова јадење и тоа во прилог со колбаси и до денешен остана како традиција да го приготвувам.
Начинот на подготовка е многу едноставен па дури и за почетници во кујна,но одиме по ред.

Пиперките од низа се ставаат во врела вода малку да се подварат и омекната, но да не се одвојуваат од лушпата. Се чистат после од шишки и семки, па се сечкаат. На оган во тавче ставаме масло, ги ставаме пиперките да се потпржнат, додаваме лук, ставаме домата и се пржнуваат до саканата густина...посолуваме и додаваме црн пипер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови