Суви црвени пиперки во доматен сос
Состојки
- 20-25 цели потсушени црвени пиперки од низа
- 1шоља домата
- 5-6 парченца сечкан лук
- 5-6 лажици масло,сол,црн пипер,на врв на лајче шеќер
Подготовка
Едвај чекавме да стигне ова поладно време ..некогаш уште кога дедо ми беше жив за да ни го направи ова јадење и тоа во прилог со колбаси и до денешен остана како традиција да го приготвувам.
Начинот на подготовка е многу едноставен па дури и за почетници во кујна,но одиме по ред.
Пиперките од низа се ставаат во врела вода малку да се подварат и омекната, но да не се одвојуваат од лушпата. Се чистат после од шишки и семки, па се сечкаат. На оган во тавче ставаме масло, ги ставаме пиперките да се потпржнат, додаваме лук, ставаме домата и се пржнуваат до саканата густина...посолуваме и додаваме црн пипер.