Навистина уживавме во овој мирисен и вкусен колач со портокали. Може да си го наросите со шеќер во прав или како моите домашни чокољупци да го преливате парчето со чоколаден прелив.

Подготовка
1. Портокалот најпрво го триеме со сода бикарбона и го оставаме во раствор од вода и сода бикарбона да отстои најмалку 2 часа. Го сечкаме на тенки кругови.
2. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 180 степени со вентилатор.
3. На дното од тавчето ставаме хартија за печење. Ја посипуваме со шеќер и ги редиме кришките портокал.
4. Растопуваме путер и го оставаме малку да излади.
5. Јајцата и шеќерот ги матиме со миксер па го додаваме растопениот путер.
6. Излупените портокали ги блендираме со ванилиниот шеќер.
7. Ги додаваме кон смесата заедно со сувите состојки, брашното и пецивото. Соединуваме со миксер.
8. Смесата ја истураме во тавчето врз портокалите.
9. Печеме во загреана рерна околу 25 минути.
10. Откако ќе се излади ја превртуваме на чинија за сервирање и ја отстрануваме хартијата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани