- Краставичките, пиперката и маслинките се сечкаат на ситни коцкички.
- 2те шолји пченично брашно, пченкарно брашно, зејтинот, газираната вода, пецивото и солта се ставаат во сад и се матат со миксер околу 1-2 минути.
- Исечканите краставички, пиперката и маслинките се додаваат во смесата и се мешат со лажица.
- Калапот за мафини го мачкаме со маргарин и наросуваме сусам, а потоа го полниме од смесата.
- Печеме на 180 степени околу 30 минути(проверете со чепкалка за заби дали се печени).

Мене ми испаднаа 14 големи мафини и 15 мали мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови