Солени посни крофни
Брашното го просејуваме и го ставаме во садот за месење. Правиме кратер на средина. Квасецот го раствораме во дел од топлата вода, ги додаваме солта и шеќерот. Замесуваме средно меко тесто и го оставаме да стаса околу 40 минути.
Кога е стасано на работната површина посипуваме брашно за одлагање на топчињата од кои ќе правиме крофни. Кинеме од тестото мали парченца, правиме топчиња од нив. Три топчиња ги ставаме едно до друго да се залепат. Така правиме со целото тесто. Големината на топчињата може да биде по ваша желба. Ги оставаме пак малку да стасаат.
Во врел зејтин ги пржиме крофните. Пред пржење малку притискаме одозгора врз крофните за да се испржат добро од двете страни. Кога ги вадиме од двете страни ги посолуваме со малку сол, така се повкусни. Се надевам дека ќе ви се допаднат. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани