Солени посни мафини
Состојки
- 2 шолји пченично брашно
- 2 шолји пченкарно брашно
- 2 шолји газирана вода
- 2 шолји зејтин
- 1 пециво
- малку сол
- 2-3 кисели краставички
- пола црвена пиперка
- 2-3 маслинки
- малку сусам
Подготовка
- Краставичките, пиперката и маслинките се сечкаат на ситни коцкички.
- 2те шолји пченично брашно, пченкарно брашно, зејтинот, газираната вода, пецивото и солта се ставаат во сад и се матат со миксер околу 1-2 минути.
- Исечканите краставички, пиперката и маслинките се додаваат во смесата и се мешат со лажица.
- Калапот за мафини го мачкаме со маргарин и наросуваме сусам, а потоа го полниме од смесата.
- Печеме на 180 степени околу 30 минути(проверете со чепкалка за заби дали се печени).
Мене ми испаднаа 14 големи мафини и 15 мали мафини.