15
окт
2014
Солени полжавчиња во мафини
1. Сувиот врат или чајната, празот и печурките се сечкаат на мали коцки.
2. Во сад се мешаат сирењето, 3 јајца, 50 мл масло, киселата вода, пецивото прво, па се додаваат сечканите продукти.
3. Корите за пита вертикално ги сечеме на половина, како од секоја би добиле два мали правоаголника.
4. Секоја кора ја попрскуваме со масло или пак ја премачкуваме со силиконска четка, па по должина на страна на почетокот ставаме од филот. Ја виткаме во ролат, ја свиткуваме како полжав и ја ставаме во намрсено тавче за мафини.
5. Ги премачкуваме со едно јајце и со сусам и ги печеме во загреана рерна на 200 степени додека да поцрвенат.
Лиценца: Сите права се задржани