ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО

1. Во длабок сад ставете ги сите состојки за тесто

2. Замесете средно меко тесто

3. Поделете го тестото на 7 топчиња, и секое од нив расукајте го во мала кора

4. Премачкајте ги со масло и оставете ги да отстојат 30 минути

5. Секоја кора растегнете ја со раце на чаршав, попрскајте ја малку со масло и нанесете од филот

6. Соберете ја со помош на чаршавот најпрвин како ролат а потоа во вид на полжавче

7. Повторете ја постапката со сите кори

8. Подготвените полжавчиња ставете ги во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени, додека убаво поруменат.

ПОДГОТОВКА НА ФИЛ

1. Во тава на оган нанесете сосема малку масло и додајте го сецканиот кромид

2. Кратко пропржете и додајте го меленото месо.

3. Зачинете и постепено додавајте вода додека се добие кашеста смеса.

4. Сосема на крј додајте го пармезанот

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови