Испечати

Солени полжавчиња во мафини

Солени полжавчиња во мафини

Состојки

  • 500 гр кори
  • 400 гр ситно сирење или урда
  • 4 јајца
  • 150 мл масло
  • 1/2 пециво
  • 1 помал праз
  • 200 гр чајна или сушен свински врат
  • 100 гр маринирани или свежи шампињони
  • 200 мл кисела вода
  • мешан сушен зачин по вкус

Подготовка

1. Сувиот врат или чајната, празот и печурките се сечкаат на мали коцки.
2. Во сад се мешаат сирењето, 3 јајца, 50 мл масло, киселата вода, пецивото прво, па се додаваат сечканите продукти.
3. Корите за пита вертикално ги сечеме на половина, како од секоја би добиле два мали правоаголника.
4. Секоја кора ја попрскуваме со масло или пак ја премачкуваме со силиконска четка, па по должина на страна на почетокот ставаме од филот. Ја виткаме во ролат, ја свиткуваме како полжав и ја ставаме во намрсено тавче за мафини.
5. Ги премачкуваме со едно јајце и со сусам и ги печеме во загреана рерна на 200 степени додека да поцрвенат.