Солени погачици со сланинa
Се става брашното во сад за месење и направете дупче во средината на брашното. Додадете го квасецот претходно разматен со малку вода и лажиче шеќер. Оставете да стаса квасецот.
Откако ќе стаса квасецот ставете ги и другите состојки и замесете меко тесто. Ако имате потреба за да биде помеко додадете уште млеко од тоа што сум напишала. Оставете да стаса.
Во тавата вок испржете ја сланината која претходно сте ја исецкале на ситни коцки .
Откако ќе стаса тестото размесете го на работната маса, но не премногу и намачкајте го со пржената сланина по малку. Поклопете ги страните лево и десно па потоа другите. Пак сега размесете го сосе филот и направете ја постапката пак. Сето ова се прави додека има сланина. Кога ќе ја употребите целата сланина оставете да стаса.
Во плех за печење намрсете со путер. Стасаното тесто расукајте го на 2 см.и исечете кругови или квадрати. По желба на готвачот. Ставете ги во плехчето, наросете црн ким и по малку путер. Ставете да се печат на 180 С околу 20 мин.
Добар апетит
п.с Големо благодарам на ЛилиН за калапчето.Позззззззз
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
џас рекла и чварки...и очите ми одскокнаа како на цртан филм :) :) :) :)
ама брашново твое како да е интегрално?
и каде е чаршавчето? :) :) :) :)