Брзи солени меки погачици
Ако за многу кратко време сакате да приготвите вкусен појадок или вечера, овој рецепт топло ви го препорачувам. Не ви е потребен ниту миксер, се што ви треба е желба.
1.Јајцата се матат кратко со маталка или со вилушка. Се додава киселото млеко, зејтинот, брашното и пецивото и се меша во хомогена смеса.
2. Сирењето се ренда, свинскиот врат се сецка на ситно. Исто така се сечат и младите кромидчиња. Сето ова се додава во смесата и се заедно се меша.
3. Од смесата се зама со лажица и се прават мали погачки. Јас ставав по 2 лажици на секоја. Се ставаат директно на хартија за печење (прикажано е во дополнителните слики). Од оваа смеса направив 12 погачки.
4.Се поросуваат со афион и ким, ама тоа е по желба и може да ставите сусам, лен или било какво друго семе.
5. Се печат на 180 степени околу 20 минути за да поруменат.
Се оставаат малку да оладат и се служат со јогурт или кисело млеко. Меки како душа и превкусни.
Да напоменам дека чашата со која мерев е од 200 милилтри.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови