Изматете ги јајцата со маслото и солта во густа пена. Со жица за матење, матиме во јајцата и постепено го додаваме брашното. Продолжуваме со матењето додека се изеднаци кашата, па ја додаваме минералната вода, матиме, па после тоа го додаваме спанаќот.
Напомена -кашата за палачинки треба да биде ретка-танка.

Подготвената каша оставаме да одстои околу пола час, а потоа ги подготвуваме палачинките на вообичаен начин.

ФИЛ
Издробеното сирење измешајтего со павлаката, па се додава лукчето и саламата ако сакате да ја додадете.
Готовите палачинки премачкајте ги со филот и свиткајте ги во ролна. Засечете ги накосо на 3-4 парчиња во зависност од тоа како сакате парчињата да ви бидат-помали или поголеми.
Дополнителни декорации не се потребни бидејки самите палачинки се доста прошарани од спанаќот и се сами за себе декорирани...

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови