Испечати

Солени палачинки со спанаќ

Солени палачинки со спанаќ

Состојки

  • 0,5л млеко
  • 3 јајца
  • 2-3лажици масло
  • прстофат сол
  • 300-350гр брашно
  • околу0,5кг спанаќ/може сецкан и обарен, но може и ситно сецкан на ленти/
  • околу200мл мнерална вода
  • 300гр сирење/ситно дробено или изварка/
  • 2-3 лашици кисела павлака
  • малку 1 м .лажиче лук во прав/може и цешне толчено лукче/
  • по желба околу100-200гр сецкана салама

Подготовка

Изматете ги јајцата со маслото и солта во густа пена. Со жица за матење, матиме во јајцата и постепено го додаваме брашното. Продолжуваме со матењето додека се изеднаци кашата, па ја додаваме минералната вода, матиме, па после тоа го додаваме спанаќот.
Напомена -кашата за палачинки треба да биде ретка-танка.

Подготвената каша оставаме да одстои околу пола час, а потоа ги подготвуваме палачинките на вообичаен начин.

ФИЛ
Издробеното сирење измешајтего со павлаката, па се додава лукчето и саламата ако сакате да ја додадете.
Готовите палачинки премачкајте ги со филот и свиткајте ги во ролна. Засечете ги накосо на 3-4 парчиња во зависност од тоа како сакате парчињата да ви бидат-помали или поголеми.
Дополнителни декорации не се потребни бидејки самите палачинки се доста прошарани од спанаќот и се сами за себе декорирани...