Солени лижавчиња од тесто
Подготовка на тестото од домати.
Во сад ставете го путерот и брашното и со прстите месите да се добие смеса како песок. Доматната паста растворете ја со водата и додајте ја во брашното и путерот. Почните да месите за да се добие изедначено нелепливо тесто. Ако е потребно при месењето додајте уште малку брашно.
Готовото тесто завиткајте го во најлонска фолија и оставете го да стои во фрижидер околу 1 час.
Подготовка на тестото од спанаќ.
Спанаќот одмрзнете го и ситно исецкајте го.
Во сад ставете го брашното и путерот и со прстите месите да се добие смеса што личи на песок. Потоа додајте го спанаќот и продолжите да месите да се добие мазно нелепливо тесто. Ако е потребно додајте и брашно.
Тестото завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер 1 час.
Подготовка на лижавчината.
На набрашнета површина од тестото од домати развлечете кора дебела околу 2-3 мм и со чаша вадите кругови.
Земете еден круг од тестото и премачкајте го со белка. На средината од кругот ставете го стапчето ражнич, ставете по малку од саламата и сирењето и поклопете го со друг круг тесто. По страните притиснете ги со прстите или вилушка малку да се залепат.
Готови редете ги во плех со хартија за печење.
Одозгора премачкајте ги со белка и украсете ги со другата боја на тесто, сусам, семе од афион или по ваша желба.
Наместо чаша ако сакате може да искористите и калапчина со форми. Јас неколку направив и такви и затоа што беа помали стапчината ги делев на пола.
Тестото се премесува додека се потроши.
Истата постапка на работа се повторува и со тестото од спанаќ.
Лижавчината печете ги во загреана ререна на 180 степени околу 15-20 мин.
Навистина се декоративни и погодни за детски родендени.
Лиценца: Сите права се задржани