Домашни празнични лижавчиња
Детска радост се овие лижавчиња, украсни за на Новогодишната трпеза и вкусни за децата. Подготовката им е брза и многу едноставна.
1. Во сад на тивок оган ставете ја слатката павлака, коцките бело чоколадо, путерот и белиот крем. Постојано мешајте додека сите состојки убаво да се растопат. Во така добиената смеса додадете ги измелените кикирики и плазма бисквити. Калкулирајте со количинити за да добиете смеса од која ќе можете да формирате бомбици. Јас овој пат сомлев буквално се што имаше по дома. Неколку бисквити, неколку суви колачиња, наполитанки...Не се плашете ако смесата ви изгледа мека, зошто со ладењето се стегнува и чоколадото и се добива убава цврста структура.
2. Во сад на страна ставете го шеќерот. Прехрамбената боја (јас користев во прав), растворете ја во неколку капки вода и додадете ја во шеќерот. Измешајте убаво за да се обои. Од смесата формирајте топчиња со големина на орев и валкајте ги во обоениот црвен шеќер.
3. Во сад на тивок оган со 1 мала лажичка масло растопете го и остатокот од белото чоколадо. Искористете стапчиња за ражничи или некои потенки цевки. Врвот на секое стапче потопете го во растопеното чоколадо и на него прицврстете го секое од направените топчиња. Со тоа ќе спречите топчињата да се одвојат од стапчето.
4. Во соодветна чашка или на парче стиропор ставете ги готовите лижавчиња. Врз горната страна ставете од остатокот растопено чоколадо и украсете по желба ( со трошки, чоколадни топчиња, кокос, со дел од обоениот шеќер или со фигурички од фондан). Оставете убаво да се изладат и стегнат.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови