Лижавчиња (пралини) со фил од јаболка (посно)
Многу лесни за подготовка, многу вкусни и пристојно здрави. Младунче трчаше по мене и викаше:
- МајкA сакам СЛАДЦЕ (благце)
а Шеќерко ги нарече Медено срце, ама 100 пати поубави, левел стотка биле =))
Да му е мерак на човек да измислува уште убавини за по дома.
Калапчињата се силиконски, може да се пече во нив, а ги има по поголемите маркети и комплет се со стапчињата. Како стапчиња може да користите и стапчиња за раженчиња, ако ги исечете во потребната должина.
Дозата е 6 лижавчиња бидејки толкаво беше калапчето, а имам само едно.
Начин на подготовка
Јаболкото издрендајте го на ситната страна од рендето и ставете го на оган да се пече/пржи на суво тавче. доколку не благо додадете шеќер и промешајте. Во нашиов случај немаше потреба да се додава шеќер, ванилиниот шеќер заврши работа.
Во помал сад, ѓезве, на пареа растопете го чоколадото. Јас го ставив ѓезвето во делимано садот за сос, го наполнив садот во вода и така го растопив чоколадото.
Со четкичка премачкајте ги калапчињата, ставете ги во фрижидер или замрзнувач за се стврднат. По 5-10 мин, повторете ја постапката и премачкајте пак.
Ѓезвето со растопеното чоколадо нека си стои во врелата вода, нека биде постојано растопено бидејки брзо се завршува целата подготовка.
Додека премачкувате, промешувајте го и јаболкото. Јас го приготвував во Касеролата на Делимано, иако беше преголема за едно јаболко. Садот за сос беше посодветен, ама во него се бањаше ѓезвето =))
Филот од јаболко ќе биде готов тогаш кога ќе се згусне и ќе стане како желе. За подобро да можете да го нанесувате во калапчињата внимавајте да не го пресушите.
Извадете ги калапчињата од фрижидер, нанесете малку од филот во секое калапче, ставете ги стапчињата и повторно додадете од филот. Со влажни прсти притиснете го филот и убаво измазнете го за да можете да го премачкате и затворите убаво со чоколадо.
И за горниот слој, капачето, потребни се две премачкувања.
Нека постојат 5-6 мин во фрижидер, за побрзо да се стегне чоколадото и спремни се ја јадење. Вие подгответе се за комплименти =))
Истово ова може да се примени за подготовка на пралини во мали силиконски калапчиња. Не препорачувам во големи калапи бидејки јако е јадењето, не може да се изеде во голема количина. Ако се прави во големи калапи, нека се пополнува 1/4 од калапчето.
Лиценца: Сите права се задржани
sekoja cest super se, sega ke me teras da baram po netov da poracvam vakvi kalapi eksik