13
мај
2013
Солени бомбици
Компирите, јајцата и морковот се рендаат. Кромидчето и магдоносот ситно се сецкаат. Се додава грашокот, туната од конзерва сосе маслото. Се посолува и зачинува по вкус.
Од смесата се прават бомбици малку поголеми од орев и се тркалаат по желба-во буковец, сусам, мелено ленено семе, ситно рендан кашкавал или едноставно се декоративни и така.
Во рецептот јајцата се додаток плус.
Лиценца: Сите права се задржани
A topcinata izgledaat petka :)