Солени бомбици
Состојки
- 2 варени компири
- 1 варен морков
- 2 варени јајца
- 2 млади кромидчиња
- 2 фатки (раце) грашок од конзерва
- мала киска магдонос
- 1 козерва туна
- сок од 1/2 лимон
- сол, зачини по желба (овде-мешан сув зачин, бибер, оригано, шафран, мајоран, копар)
Подготовка
Компирите, јајцата и морковот се рендаат. Кромидчето и магдоносот ситно се сецкаат. Се додава грашокот, туната од конзерва сосе маслото. Се посолува и зачинува по вкус.
Од смесата се прават бомбици малку поголеми од орев и се тркалаат по желба-во буковец, сусам, мелено ленено семе, ситно рендан кашкавал или едноставно се декоративни и така.
Во рецептот јајцата се додаток плус.