Прво се ставаат во еден сад квасецот, млекото, шеќерот. Убаво се промешува. Потоа се додаваат останатите состојки за смесата за премачкување.
Се остава на страна.
Сега се приготвува филот.
Се соединуваат урдата и јајцата и се зачинуваат по вкус.
Се зема една кора, се премачкува со четка со готовата смеса.
Врз неа се става втора кора и таа се премачкува со смесата.
Се става трета кора, се премачкува со смесата и на почетокот на кората се става од филот.
Се витка во ролат.
Така се постапува со останатиот материјал.
Се редат во ростер тава за печење, одозгора се премачкуваат со остатокот од смесата, се солат со сусам и се печат околу 30 минути на 200 степени.
Однадвор е крцкава, а внатре штрудлата е мека како душа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови