Оригиналниот рецепт за оваа солена штрудла беше со блитва, јас ја направив со штавељ, а може исто така и со спанаќ. Изборот секако е ваш, а е добар начин како можете да ја изкамуфлирате на многумина неомилената блитва или штавељ. Одлична штрудла за вечера или како ладно предјадење.

1. Јајцата се варат тврдо, се ладат и пред редење се сечат на половина по должина.

2. Брашното се просејува, се меша со сувиот квасец, се додаваат останатите состојки и се замесува тестото. По потреба се додава уште малку брашно да биде тестото меко и да не лепи, се остава на топло да се дуплира.

3. Штавељот (или зеленчукот по избор), се мие, се сечка и кратко се бланшира да омекне, се цеди. Кромидот се динста со малку вода, се додаваат останатите состојки за филот освен јајцето и брашното (тие се ставаат последни), се меша добро и се подизладува.

4. Дуплираното тесто се премесува малку, се развлекува во правоаголна кора, насреде се мачка со филот, се ренда сирењето, се посипува со лебните трошки и малку сончоглед. Се редат јајцата со пресечената страна надолу, се витка во ролат, се мачка со сенф растворен со малку вода, се посолува со сусам и се остава на топло да кисне уште 20-30 минути. Се печи на 190 степени околу 30 минути во долг калап за леб намастен со маргарин.
Се лади, се сечи и се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани