Погача цвет со штавељ и урда
Во просеаното брашно додајте квасец, сол и шеќер.
Додајте топло млеко, јајце и замесете тесто. Оставете да стаса.
Штавељот обарете го, измешајте со урда, подсолете и додајте зачини по вкус.
Тестото поделете го на 5 топки.
Секоја топка рассукајте ја, премачкајте со маргарин и ставете врз неа фил од штавељ и урда. Така направете со сите топки.
Во средина од тестото ставете округла чинија. Сечете го тестото од краевите до чинијата во форма на цвет. Превиткајте ги.
Оставете ја погачата15 минути да отстои.
Премачкајте со јајце, наросете со сусам и афион во средина.
Печете на 220 степени околу 35 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани