Прекрасен рецепт кој го видов на телевизија. Го спремаа во некој ресторан како специјалитет на куќата.
Решив да го пробам. Не згрешив. Ајде да ви споделам како го спремив.

Подготовка:

1. Изрендајте ја тиквата. Во длабок сад помешајте ги павлаката, сирењето , јајцата и тиквата.
Земете од корите. Редете како за баклава. Една кора, па попрскајте со масло. Пак кора, па пак попрскајте со масло.На третатата кора ставете од филот. Ставете на едната страна, па со завиткување на краевите, завиткајте ролат,.
2. Така спремните ролати ставете ги во тава за печење, Исечете парченца со големина колку една штрудла. Премачкајте ги со масло по површината и наросете сусам. Ставете да се пече во загреана рерна, но потоа намалете ја температурата, за да може да се испече убаво полека. Кога е готово, извадете и оставете да одмори. Потоа сервирајте и уживајте во прекрасниот вкус на оваа солена пита со тиква.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови