За филот, сите состојки ги миксирате (освен шунката). Треба да се добие мазна смеса. Ако сакате да добиете контраст, поделете го филот на половина и во едната додајте 2-3 лајци ајвар или може обарен и исцеден спанаќ.
Филувајте една кора со бела смеса, наредете од лентите шунка, друга кора, па црвена или зелена смеса.Така по ред до последна кора. Таа останува нефилувана. Се притиска убаво со рацете и над тортата се става нешто тешко да постои неколку сати, убаво да се сврзи. Одозгора можете да ја премачкате со мајонез или по ваша желба да ја украсите. Погодна е за сервирање, убаво се сечи и доста парчиња излегуваат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови