Солена торта со розен кори
Состојки
- 1 пакување готови кори (500 гр)
- 400 гр сирење
- 150 гр зденки
- 150 гр маргарин
- 200 гр кисела павлака
- 100 гр кашкавал, ситно рендан
- 200 гр шунка, исечена на тенки ленти
Подготовка
За филот, сите состојки ги миксирате (освен шунката). Треба да се добие мазна смеса. Ако сакате да добиете контраст, поделете го филот на половина и во едната додајте 2-3 лајци ајвар или може обарен и исцеден спанаќ.
Филувајте една кора со бела смеса, наредете од лентите шунка, друга кора, па црвена или зелена смеса.Така по ред до последна кора. Таа останува нефилувана. Се притиска убаво со рацете и над тортата се става нешто тешко да постои неколку сати, убаво да се сврзи. Одозгора можете да ја премачкате со мајонез или по ваша желба да ја украсите. Погодна е за сервирање, убаво се сечи и доста парчиња излегуваат.