Најпрво се загрева павлаката за готвење заедно со ренданиот чаен колбас.
Кога почнува да се згуснува, се додава издробено козјото сирење и исецканиот маргарин.
Се меша на умерен оган додека се изедначи смесата. Потоа се додава и урдата, павлаката и кајмакот. Се меша и се вари уште неколку минути, додека се убаво се соедини и добие кашест изглед. Оставете го потоа да лади. Од време на време мешајте за стопениот маргарин убаво да се распореди и здрви. Кога ќе е добро оладено, додадете го ситно сецканиот магдонос (кај мене не го сакаа, па затоа ми послужи само за декорација) и измиксирајте го со миксер за поубава и покремаста структура.
Мачкајте ги розен корите со по 3-4 лажици од филот. Ставете нешто тешко одозгора да притиска и оставете ги преку ноќ убаво да се соединат.
Пред да ја исечите на ситни парчиња, премачкајте ја со цврста кисела павлака, наросете со рендан кашкавал или украсете по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани