Солен ролат со спанаќ
Најпрво се подготвува спанаќот.
Исчистениот и измиениот спанаќ се попарува со врела вода, се плакни со ладна вода и убаво се цеди. Се поминува низ раце со малку сол.
Се става во садот во кој ќе се мати, убаво исцеден.
Спанаќот се става во садот во кој ќе се мати.
Јајцата се двојат на белки и жолчки.
Белките се матат со солта.
Се оставаат на страна.
Во садот кај спанаќот се додаваат жолчките и се миксира.
Потоа се додаваат сите наведени состојки.
Се печи во загреана рерна на 180 степени додека порумени.(Се печи на хартија.)
Се става меѓу две влажни пацети.
Ладната кора се премачкува со крем сирење, се наросуваат ренданите јајца, па се реди шунката.
Се витка ролат и се завиткува во стреч фолија.
Нека отстои преку ноќ в фрижидер.
Пред сервирање се премачкува со кисела павлака и се украсува.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани