Солен ролат со спанаќ, компири и лосос(500 рецепт)
Вака, така, си врват годините, уште некој месец и 9 години ќе се сторат со учеството на оваа страна и јас дојдов до друг јубилеј, 500 рецепти. Се радувам на јубилеите на секоја членка, а се радувам и на моите. Голема благодарност до целиот тим на Мои рецепти, благодарност до сите членки за вашата ангажираност, овде може од сите да се научи многу за готвењето. Кога се готви со љубов, успехот е неизбежен. Сакам на сите да ја честитам Новата година, поминете ја со радост и љубов и среќни и весели Божиќни празници.
1. Компирот сварете го и додека е уште жежок додајте му го путерот и зачинете го. Изгмечете го со алатка за пире. Белките убаво изматете ги. Во компирот додајте ги жолчките, брашното и убаво измешајте. Лажица по лажица додајте ги и белките и измешајте. Смесата ставете ја во кеса, отсечете и го врвот и на тава прекриена со хартија исцртајте шара.
2. Спанаќот исчистете го и попарете го со врела вода да омекне. Исцедете го убаво, дури и со рака стегајте го да излезе целата течност. Во него ставете го изренданиот кромид, путерот, зачинете, додајте ги жолчките и убаво изблендирајтре ја смесата. Додајте го брашното, па изматените белки. Смесата нанесете ја врз шарата од компири.
3. Печете во загреана рерна на 180 степени отприлика 20 минути. Наводенете две кујнски крпи и печенето тесто ставете го измеѓу нив. Нека се олади и премачкајте го со крем сирењето, наредете го лососот и завиткајте ролат од потесната страна.
На здравје! Убаво предјадење за секој вид свечен ручек или вечера.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Predlogov, za soleni rolat go bendisav
Neka se nizat uste jubilei i ponatamu
Cestiti praznici i tebe
Poz
Ubavi recepti dosega, neka ima uste mnogu povekje ponataka.
Rolatcevo greee. Preubavo.
Убав, декоративен ролат кој сигурно е многу вкусен. Поздрав
Ролатот е прекрасен...и по состав, и по изглед, едноставно грее!
Поздрав од мене и секое добро :)
Навистина убави.
Честитки за јубилејот.Радувај си се,голема е оваа бројка.
Поздрав и убави празници ти посакувам.
овој јубилеен прекрасен ролат не`примами уште од прва. Уште кога го видовме на слика, знаевме сите во тимот дека овој рецепт мораме да го подготвиме што поскоро. Тоа е твој печат и по тоа те препознаваме- уникатни и убави за око(а богами и на вкус) рецепти.
Долго се знаеме, уште од самиот старт. И покрај тоа што одредени рецепти недостигаат, со твојот труд и препознатлив стил, постигна солидна бројка за почит!
Ти благодариме за твоите 500 рецепти и ти подаруваме Делимано Air Fryer Pro Апарат за готвење. Честитки!
Се радуваме на многу убави идни заеднички моменти и поводи за славење,
Тимот на МоиРецепти
Ете пополека стигна и ти до него, а јас пак со мојава честитка ко антибиотик сум што би рекла ти, ха, ха ...
Ролатов преубав, а сликата пак џам, немам зборови, идејава ти е прекрасна, мене ми личи малку маскирна ... професионална деформација де, ха, ха ...
Со здравје да си ја користиш преубавата награда, да си здрава и жива и да тераме понатаму, поздрав :)