Испечати

Солен ролат со спанаќ

Солен ролат со спанаќ

Состојки

  • Кора
  • 4 јајца
  • 1/2 лажиче сол
  • 100 мл. минерална вода на собна температура
  • 100 мл. топло млеко
  • 150 гр. просеано брашно
  • 1 пециво
  • 2 лажици рендано сирење
  • 500 гр. спанаќ
  • Фил
  • 200 гр. крем сирење
  • 2 варени и рендани јајца
  • 12 парчиња тенки, тост шунка
  • За премачкување од надвор
  • по потреба кисела павлака

Подготовка

Најпрво се подготвува спанаќот.
Исчистениот и измиениот спанаќ се попарува со врела вода, се плакни со ладна вода и убаво се цеди. Се поминува низ раце со малку сол.
Се става во садот во кој ќе се мати, убаво исцеден.
Спанаќот се става во садот во кој ќе се мати.

Јајцата се двојат на белки и жолчки.

Белките се матат со солта.
Се оставаат на страна.

Во садот кај спанаќот се додаваат жолчките и се миксира.
Потоа се додаваат сите наведени состојки.

Се печи во загреана рерна на 180 степени додека порумени.(Се печи на хартија.)

Се става меѓу две влажни пацети.

Ладната кора се премачкува со крем сирење, се наросуваат ренданите јајца, па се реди шунката.
Се витка ролат и се завиткува во стреч фолија.
Нека отстои преку ноќ в фрижидер.

Пред сервирање се премачкува со кисела павлака и се украсува.

На здравје!