Се замесува тесто со стасаниот квасец, маргаринот, млекото, јајцата и брашно додека се добие средно меко тесто.
Тестото се остава да одмори и да стаса, а потоа се дели на три или четири дела. Од секој дел се сука кора која се мачка со маргарин и се филува со фил по желба, па се витка во ролат и се става во подмачкан плех да стасува. Одкако ќе стаса се премачкува со јаце и се поросува со сусам.
Овие ролати се доста големи и од една доза со комбинирани филови добивате 4 различни ролати. Се пече на вообичаен начин во зависност од рерната и се сече одкако ќе се олади
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки Ростер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела